Секој ГР јарис ќе биде произведен на лентата во фабриката Мотомачи на Тојота во Јапонија. Иако поголемиот дел од процесот на производство го вршат роботи, неколку специјализирани работници имаат клучна улога во осигурувањето дека секој ГР јарис ја напушта фабриката апсолутно совршен.
ГР јарис е петарда во секоја смисла. Под хаубата на жестокото автомобилче се наоѓа 1,6-литарски турбобензински трицилиндерски мотор со 257 коњски сили, додека јапонската верзија има 268КС. Во комбинација со мотор е шестбрзински рачен менувач кој ја префрла силата на сите четири тркала.
За оние кои бараат врвни перформанси достапен е и „сиркут пек“ кој додава диференцијали со ограничено пролизгување на двете оски, поспортска амортизација и 18-инчни тркала.
Тојота тврди дека ГР јарис од 0-100 км/ч стигнува за помалку од 5,5 секунди, а максималната брзина му е 230 км/ч.