Тојота БЗ4Икс достигнал само половина од декларираниот опсег на тестирање во Данска, компанијата ќе истражи

Тојота БЗ4Икс го немаше најдобриот старт. Најпрво производството беше стопирано поради ризикот да отпаднат тркалата, а сега се поставуваат прашања за валидноста на бројките на Тојота за опсегот на електричниот автомобил. Во тестирање спроведено од скандинавски новинари БЗ4Икс успеал да помине само половина од километрите кои јапонската компанија тврди дека може да ги помине, поради што Тојота во Европа и Јапонија ќе спроведе истрага.

Данскиот магазин ФДМ тестирал верзии со погон не две и четири тркала на кросоверот на Тојота и двете не успеале ни приближно да го достигнат рекламираниот опсег. Верзијата со погон на две тркала има официјален ВЛТП опсег од 504 километри, но успеала да помине само 246 километри пред следното полнење, што значи дека постигнала помалку од 49 отсто од декларираниот опсег. Верзијата со погон на сите тркала се покажала уште полошо, откажувајќи се по само 215 километри, иако ВЛТП бројките на Тојота велат дека треба да помине 461 километар. Тоа е помалку од 47 отсто од декларираното.

Во ред, бројките на ВЛТП циклусот знаат да бидат претерано оптимистични и тестот бил спроведен во Скандинавија во зима, што не се баш идеални услови за батеријата. Но тука не станува збор за поларни минусни температури – резултатите биле постигнати на температура од 4 Целзиусови степени. Што е уште поважно, автомобилите на Тојота имале полоши перформанси од другите електрични автомобили тестирани од магазинот во слични услови. Тесла модел ипсилон лонг рејнџ, на пример, измерил 355 километри наспроти официјалната бројка од 507 километри, што значи дека остварил 70 отсто од ВЛТП километражата. И мерцедес и-кју-а и фолксваген ИД.4 не се далеку зад теслата, со 67 отсто од декларираниот опсег.

Тојота Европа и централата на Тојота во Јапонија ќе спроведат истрага на резултатите, кои не се изолирани бројки, и ќе ги споредат со бројките на норвешките и шведските медиуми, за нивното искуство со БЗ4Икс.

Но како одговор на тестот на ФДМ, портпаролот на Тојота во Данска сугерирал дека разликата во бројките може да се должи на тоа колку „резерва“ имал кросоверот во батеријата кога на инструмент таблата покажувало 0 километри. Иако тешко дека БЗ4Икс има резерва од 150 километри, останува да видиме што ќе покаже истрагата.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе