Од 0-100 за 3 секунди

Тесла сајбертрак е пикап од иднината кој може да се купи сега (ФОТО+ВИДЕО)

Илон Маск синоќа во Калифорнија го покажа со нетрпение очекуванот сајбертрак на Тесла. Иако чудниот пикап кој има појава на полициско возило на некоја автократска влада од дистописките научно-фантастични филмови од 1990-тите на прва изгледа како шега, сепак не е.

 

Ни концептот на ова возило од пред неколку години, а ни бројните тизери кои беа објавени во меѓувреме не можеа да нѐ подготват на ова што го добивме.

Како и со сите други проекти, Тесла сака да го наруши контроверзниот, но сепак прилично лукративен, особено во САД, пазар на СУВ и пикап возила.

По седум години развој, сајбертрак е футуристички, иако прилично сиров, голем пикап. Долг е 5.885 милиметри, широк 2.027 милиметри и висок 1.905 милиметри и има шест седишта.

Иако на презентацијата Маск не ја покажа внатрешноста на пикапот, компанијата објави една фотографија. Поедноставна и поминималистичка е дури и од вообичаеното за Тесла, со вообичаениот огромен дисплеј на средината, два реда од по три седишта и чуден волан (кој најверојатно нема да стигне до сериската верзија).

Каросеријата на возилото е изработена од нерѓачки челик и е отпорен на гребнатини и физички оштетувања, што беше демонстрирано на лице место со удари со чекан по панелите. Компанијата тврди дека челичните панели се отпорни на куршуми со калибар до 9 милиметри.

Сепак, податоците за перформансите се она што најмногу ги интересира вљубениците во моделите на Тесла, повеќе и од балистичката заштита на возилото. Така, на пример, Маск кажа дека во својата најсилна верзија со погон на сите четири тркала, сајбертрак ќе може да забрза до 60 милји на час (0-96 км/ч) за само 2,9 секунди.

Тесла на купувачите ќе им понуди три верзии, а најефиканската верзија на камионетот ќе може да мине повеќе од 800 километри (!) со едно полнење на батериите, што е навистина исклучителен резултат.

Од друга страна основниот модел ќе има автономија од солидни 400 километри.

Сајбертрак стандардно ќе биде опремен со адаптивна воздушна амортизација, благодарение на која максималната раздалеченост од подлогата ќе може да биде дури 40 сантиметри. Нагодливиот систем ќе овозможи возилото да „лежи“ ниско кога се движи по автопат, но доволно да се крене за да ги совлада најтешките терени.

Маск на промоцијата откри и некои детали за цената, па така основниот модел во САД ќе чини 39.900 долари. Станува збор за верзијата со еден електромотор, заден погон и автономија од над 400 километри. Основниот модел од 0-60 милји на час ќе забрзува за 6,5 секунди.

Ни најскапата верзија со три електромотори, погон на сите тркала и автономија од над 800 километри нема да биде драматично поскапа – купувачите кои ќе сакаат нивниот камионет да забрзува до „стотка“ за 3 секунди ќе мора да платат 69.000 долари.

Маск најави дека Тесла уште сега почнува да прима нарачки за сајбертрак, а првите испораки на купувачите се планирани за крајот на 2021 година.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе