Тесла месецов продаде рекордни 4.600 примероци од модел 3 во Норвешка

Тесла модел 3 не е хит само во Соединетите Американски Држави, туку и во Европа, покажуваат најновите продажни бројки. Но земјата која е дефинитивно вљубена во најмалиот електричен автомобил на Тесла е Норвешка.

Податоците од продажбата откриваат дека 4.609 примероци од тесла модел 3 биле доставени низ земјата само овој месец (до 29 март), а 792 биле продадени во февруари, покажува Тесластатс.

Норвешка толку бргу се полни со електрични возила што во 2018 една третина од новите автомобили продадени во целата земја се на струја. Нисан лиф беше најпродаваниот автомобил во северна Европа минатата година, со 12.303 примероци, но изгледа дека тесла модел 3 лесно ќе ја помине таа бројка оваа година, и, ако побарувачката продолжи со ова темпо, може да биде апсолутниот бестселер во 2019.

Моделот 3 не е единствениот популарен модел на Тесла во Норвешка, па во март биле испорачани и 400 примероци од моделите С и Икс.

Претходно месецов, Илон Маск им испрати имејл на вработените во Тесла барајќи од нив како приоритет да ја постават испораката на возилата. Автомобилската компанија откри дека испорачала 30.000 возила низ целиот свет во последните 15 дена од месецот.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе