Тапанарот на Пинк флојд го провози пејачот на АЦ/ДЦ во своето ферари 250 ГТО (ВИДЕО)

Повеќето вљубеници во автомобилизмот и музиката знаат дека Брајан Џонсон и Ник Мејсон се потврдени автомобилски фанатици. Но има нешто воодушевувачко да се видат двете рок легенди како се радуваат на ферари.

Screenshot: Youtube

Во сегментите од ТВ емисијата „Живот на патот“ на пејачот на АЦ/ДЦ Брајан Џонсон тој добива увид во гаражата на еден од основачките членови и тапанар на групата Пинк флојд. Прошетката кулминира со возење во неговото ферари 250 ГТО од 1962 година.

Според Мејсон, автомобилот не е само тркачка машина за патека. Барем тој не го користи така. И покрај успесите на светските тркачки патеки, 250 ГТО е и практичен гранд турер кој ги однел двете ќерки на Мејсон на нивните венчавки. Уште поимпресивно, тој со него ја извозел Европа сè до Нирбургринг.

Остатокот на гаражата на Мејсон не е ништо помалку импресивен, со модели на Астон мартин, Мекларен, и цела низа тркачки модели. Син на тркач со класични автомобили, тој сè уште го има бентлито со кое татко му се тркал кога тој бил мал.

„Ова е почетокот на сето ова, нормално“, вели Мејсон за автомобилот. „Бидејќи ова беше автомобилот на мојот татко и јас како дете седев на задното седиште кога тој одеше да се трка на Силверстон“.

Легенда под Главна слика

Screenshot: Youtube

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе