Кој би требало да го одберете? Британски Каруау ги споредува трите модели еден покрај друг на врнежлив британски ден за да види кој најмногу ќе му го поправи расположението на домаќинот Мет Вотсон.
Германските марки знаат дека се тесна конкуренција, па автомобилите се прилично слични.
Со четирицилиндерски мотори имаат слична количество коњски сили – бемвето и мерцедесот по 255, а аудито е малку полуто со 261 коњска сила.
Ако сакате малку повеќе сила, може да ги одберете 6-цилиндерските верзии. За тоа, ќе треба да одите скала погоре кон спортските верзии. Во тој случај, ауди С5 дава 349 коњски сили, М440и 382, а АМГ Ц43 дава 385 коњски сили.
Во видеото, сепак, се претставени помеките верзии и, како што изгледа А5 со погон на предните тркала. Во таа изведба, Вотсон го оценува А5 како прилично компетентен, но не баш забавен, Ц-класата е забавна, но малку непрактична, додека серија 4 ја оценува како забавна и практична.
Ако можете да го поднесете изгледот на предната маска...