Субару сака да се врати во Светскиот рели шампионат со нов жесток хечбек

Фасцинантно е тоа како Субару успеа да го зачува својот шемпионски имиџ десет години по повлекувањето од Светскиот рели шампионат (ВРЦ), и дваесет години по последното освојување на титулата. Но, најновите гласини од Јапонија сугерираат дека компанијата го подготвуав своето враќање, и работи на сосема нов хечбек кој треба да ги одведе на рели врвот.

Се тврди дека иницијативата ќе биде фокусирана на хечбек од Б-сегментот, сличен на форд фиеста СТ, фолксваген поло ГТИ, или (најверојатно најсличен на) тојота јарис ГРМН.

Деталите се сѐ уште нејасни во овој момент, но моделот најверојатно ќе има четирицилиндерски мотор со турбина, најверојатно боксер мотор кој е дел од имиџот на Субару, и – погон на сите тркала. Би требало да се очекуваат повеќе од 200 коњски сили и сопирачки, амортизери и аеродинамични додатоци што следат со толкава моќ.

Проблемот е во тоа што Субару во моментов нема возило со таа големина, барем не на европскиот и американскиот пазар, врз кој би бил базиран тркачкиот модел (на фотографиите е концептот визив перформанс од 2017). Што значи дека допрва треба да почне да работи на него, или пак да позајми од друга компанија.

Како на пример од Тојота, заедно со која го разви спортскиот модел брз/86. Во секој случај гласините треба да се примат со резерва, но не без надеж дека може да се остварат.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе