За 49 години

Субару го произведе 20-милионитото возило со погон на сите тркала (ВИДЕО)

Субару соопшти дека вкупно во целиот свет бројот на возила со погон на сите тркала на јапонската марка надминал 20 милиони во јуни. Иако компанијата произведува возила од 1953 година, првиот обид за погон на сите тркала се случи во 1972 со претставувањето на комбито леоне 4ВД, кое инаку е првото масовно произведувано патничко возило со погон на сите тркала во Јапонија.

Три години подоцна, во 1975, светот се запознава со погонот на сите четири тркала на Субару, со кој беше овозможено да се префрли од преден погон на погон на сите тркала преку поместување една рачка. Набрзо потоа, Субару ја претстави втората генерација на тој систем на крајот на 80-тите, наречен „постојан погон на сите тркала“. Оваа технологија еволуираше во системот кој денес го знаеме како „симетричен погон на сите тркала“ на јапонската марка.

Возилата со погон на сите тркала во моментов се 98 отсто од глобалната продажба на Субару (единствен исклучок е моделот БРЗ), а планираат да ја продолжат традицијата со својот нов целосно електричен кросовер солтера. Како БРЗ, солтера е заднички проект со Тојота, чија верзија на електричниот кросовер ќе се вика бЗ4х. И двата модели би требало да се појават на пазарот следната година.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе