Фиат 126 вижн

Студија за нова „пеглица“ покажува неодолива алтернатива на фиат 500 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во минатото кога немале електрични мотори, односно батерии кои би ги напојувале, решението за правење компактен автомобил со кратка хауба било да се стави моторот одзади.

 

Во случајот на мини, моторот бил поставен попречно напред, но не сите компании веднаш побрзале да го следат тој тренд. Фиат, на пример, го имале прекрасниот 500 (или чинквеченто, ако сакате да звучи погламурозно), кога Британците го претставиле минито, и биле прилично задоволни со своето решение.

Толку задоволни што наследникот на тој модел кој бил претставен во 1972 пристигнал со истата формула – мотор одзади, погон одзади. Се викал фиат 126, и бил малку подновен фиат 500 со нешто повеќе простор во кабината и поголеми и помоќни мотори.

126 стана и поголем продажен успех од 500 со над 4,5 милиони примероци главно на европските патишта. Голем дел од тоа ѝ припаѓа на полската верзија, 126п на нашите простори позната како „пеглица“, чие производство се развлече до 2000 година. Во секој случај, успехот на малиот автомобил е неспорен, што го поставува прашањето: зошто Фиат одбра да го воскресне 500 во 2007 година, а не 126?

Па, и покрај тоа што го победи својот претходник во продажбата, 126 никогаш не го достигна култниот статус на 500. Чинквеченто дојде на крајот на еден од најпроблематичните периоди во историјата, и им овозможи пристап до моторизацијата на обичните луѓе кога парите чинеа многу. Фиат 500 има многу повеќе носталгија во себе, а, и да бидеме искрени, многу поубав дизајн од 126.

МА-ДЕ студио не се согласува целосно со последното тврдење, и имаат и дизајн за да го докажат тоа. Запознајте се со фиат 126 вижн, модерна интерпретација на италијанско/полскиот автомобил која докажува дека римејк на „пеглицата“ би можел да биде подеднакво успешен како тој на 500, па дури и повеќе.

Работата што ја направиле е речиси совршена. Еден поглед на 126 вижн и веднаш знаете од каде ги влече корените, но знаете и дека станува збор за нов модел. Ако можете да погледнете во концептот и не посакате да го видите на улица или да го повозите, тогаш нешто навистина не е во ред со вас.

За жал, фиат 126 вижн не е ништо повеќе од личен проект. Италијанската компанија го одбра 500 и успешно го произведува, па нема големи шанси за концептот. Меѓутоа, барем авторите биле доволно добри да го претстават 126 вижн од сите агли и во повеќе сценографии, што значи дека барем можеме да ѝ се восхитуваме на неговата дигитална убавина.

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе