Е24 стана еден од најлегендарните модели на БМВ, со производство долго 13 година сѐ до 1989 година. а не доби ни вистински наследник се додека не се појави Е63 во 2003 година, бидејќи Е31 серија 8 од 1990 година беше повеќе луксузен гранд турер дизајниран да ја надмине 6-ката. Меѓутоа, поновите модели не се држеа до оригиналниот дизајн, со издолжени преден и заден дел.
Ако сте љуботел на „шестката“ Е24, еве мал подарок во форма на уметничка студија. Делото е на професионалниот автомобилски дизајнер Грегори Бутин од Русија, кој минал четири години работејќи за Фолксваген комерцијални возила како дизајнер на екстериер.
Зборувајќи за Е24, Буин вели дека автомобилот е вистинска икона, која се истакнува благодарение на „единствениот и емотивен изглед“.
„Целта беше да се допре до суштината на безвременскиот дизајн, со задржувањето на повеќето клучни моменти и нивно пренесување на модерниот објект. Проектот го поставува прашањето: како модерниот духовен наследник на БМВ Е24 би изгледал денес?“