Тизер

Стелантис во офанзива, почна да ја најавува новата опел астра (ФОТО)

Долго очекуваната нова генерација на компактниот модел на Опел полека почнува да го открива својот изглед.

 

Стелантис е во офанзива со модели. Само неколку месеци по претставувањето на новиот пежо 308, се подготвува претставувањето на уште еден компактен модел.

Новата опел астра, судејќи по деталите, ќе биде драматично отстапување од претходните генерации.

Иако основата е иста како на пежо 308, Опел навистина се потрудил на својот нов модел да му даде силна доза на карактер. Рецептот е позајмен од новата мока, но и од концептот манта ГСе.

Слично е и во кабината, каде на дигиталниот кокпит пјур-панел доминира 12-инчниот екран, а веднаш до него е 10-инчниот екран како дел од инфотејнментот.

Интересен детаљ е што централниот екран е благо свртен кон возачот. Добра вест е што останале и некои традиционални копчиња, што може да се види на фотографиите.

Астрата за првпат ќе биде електрифицирана. Како и кај 308, се очекуваат два хибриди, при што на силниот електромотор од 81 киловат му се придружува 1,6-литарскиот турбобензинец со 150, односно 180 коњски сили. Со батерија од 12,4 киловат часови, треба да се очекува радиус со едно полнење од 60 километри.

Во конвенционалната понуда се очекуваат 1,2 и 1,6-литарски бензинци и 1,5-литарски дизел. Се зборува дека се подготвува и ОПЦ верзија со 300 коњски сили и погон на сите тркала.

Она што особено ќе ги израдува љубителите на Опел е што астрата ќе се произведува во Раселхајм и ќе ја носи ознаката „направено во Германија“.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе