Најверојатно и највпечатливото

Стаут скараб е првото миникомби во светот (ФОТО+ВИДЕО)

Моделот стаут скараб од 1936 година се смета за првото миникомби во светот, а од модерните модели се разликува и по одличниот дизајн во стилот арт деко.

Вкупно се направени сѐ на сѐ девет примероци од овој автомобил, а еден ќе биде изложен на почетокот на септември на настанот Конкурс оф елеганс во дворецот Хемптон корт во Британија. Овој примерок наводно бил „домаќин“ на средба на американскиот генерал Двајт Ајзенхауер и францускиот генерал Шарл де Гол за време на Втората светска војна.

Во педесеттите години на минатиот век го користел сопственик на циркус кој во него чувал мајмуни додека бил на турнеја.

Потоа го купил француски индустриски дизајнер и го сместил во музеј во Ремс. Сегашните сопственици го реставрирале преубавиот автомобил во 2001 година и од тогаш го одржуваат во беспрекорна состојба.

Кабината има целосно рамен под, моторот е одзади, а и погонот е на задните тркала, па просторот во кабината е прилично голем во однос на димензиите на автомобилот.

Стаут скараб е дело на автомобилскиот и воздухопловен инженер Вилијам Бушнел Стаут, кој планирал годишно да произведе и продаде дури 100 вакви возила.

За жал, неговата креација со V8 мотор се покажала како пескапа и пренапредна за своето време па проектот бил отфрлен по само девет произведени примероци. Скараб тогаш чинел 5.000 долари, што е околу 100.000 долари во денешни пари.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе