Старата црна фолксваген буба, која всушност е порше (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ова е приказната на единствениот преживеан фолксваген 39 (VW 39), предпродукциски модел дизајниран и направен од Порше во 1939 година.

 

Фердинанд Порше и неговиот син Фери го дизајнирале фолксваген 39 како побрза верзија на бубата, давајќи му го моторот тип 64 од тркачкиот автомобил од трката Берлин-Рим.

Специјалниот мотор имал зафатнина од само 1 литар со 32 коњски сили но само 695 килограми за „носење“, па VW 39 можел да достигне за таа ера многу имресивни 145 км/ч.

Првичниот план на Порше бил да произведе 50 примероци од 39-ката, а Фердинанд и Фери често го возеле автомобилот од фабриката во Цуфенхаузен, до фабриките на Фолксваген во Волфсбург и Берлин.

Меѓутоа, почнала Втората светска војна и го нарушила планот на Порше. само 14 примероци од VW 39 биле произведени во Цуфенхаузен, секој со различен Порше мотор. На крајот на војната, 13 автомобили биле изгубени, а останал само автомобилот со број на шасија 1-00003.

Автомобилот бил најден под урнатини во очајна состојба по војната и му бил продаден на колекционер во 1948, кој го обоил во сива боја. Пред пет години, автомобилот стигнал во рацете на Томас Кениг и Оливер Шмит, основачите на Хамбург прототип музејот.

Уникатното парче од историјата на Порше минало низ темелна реставрација која траела три години. Автомобилот бил вратен во оригиналната состојба, а голем број од деловите биле рачно изработени.

Единствениот фолксваген 39 сега е со сјајно црна боја, исто како и првиот ден кога за првпат излегол од портите на фабриката во Цуфенхаузен.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе