Сосема новата тојота корола ќе дебитира за два дена во Кина (ФОТО+ВИДЕО)

Тојота официјално најави дека новата корола седан ќе биде претставена неделава на автомобислкиот салон во Гуангжу во Кина, кој се одржува од 17 до 25 ноември.

Компактниот седан ќе дебитира заедно со моделот тојота левин, резербиран само за кинескиот пазар на 16 ноември. Иако королата најверојатно ќе биде покажана во азиска изведба, таа ќе бие најава и за европскиот и американскиот модел. Што се однесува до левин, тоа ќе биде полуксузна верзија на королата.

За жал, Тојота сѐ уште не ги споделува спецификациите за королата. Се знае само дека ќе вози на ТНГА модуларната платформа што ја има и корола хечбекот, што значи дека моделот со четири врати ќе ги има истите мотори како тој со пет.

ТНГА платформата значи поголем ентериер и помала вкупна тежина, што значи дека новата корола треба да има помала потрошувачка на гориво и подобри управувачки карактеристики од претходникот. Што се однесува до опременоста, новиот модел ќе има повеќе безбедносни системи како и новиот мултимедијален систем на Тојота.

Се очекува новата корола седан да „позајми“ голем број содржини од хечбекот и што се однесува до дизајнот. Барем три четвртини од седанот треба да бидат идентични со хечбек верзијата, а само задниот дел ќе биде сменет за да се „смести“ поголемиот багажник.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе