Мерцедес 560 СЕЛ

Сосема нов мерцедес од 1986 година е 33-годишна временска капсула (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Временска машина сѐ уште не е измислена, па ако сакате повторно да ги живеете 1980-те, купувањето чичка нов мерцедес-бенц 560 СЕЛ од 1986 е најблиску што може да дојдете.

 

Огласен на германскиот сајт Мобиле, за автомобилот се тврди дека никогаш не бил возен на пат и дека километражата покажува само 46 километри – оние со кои излегол од фабриката. Да биде уште поспецијален, автомобилот никогаш не бил ни регистриран, што значи дека, технички, е комплетно нов.

Во огласот не е наведено зошто автомобилот никогаш не бил регистриран, но пишува дека „секогаш бил добро чуван и одржуван“. Тоа се гледа и на фотографиите бидејќи автомобилот изгледа одлично и покрај тоа што е стар три децении.

Сепак, не е совршен, бидејќи има траги на бојата и избледувања во кабината. Меѓутоа, седиштата изгледаат како никогаш никој да не седнал на нив и ентериерот сѐ уште ги има најлонските заштити и фабричките ознаки на инструментите.

Под хаубата се наоѓа 5,5-литарски V8 во комбинација со четирибрзински автоматски менувач. Моторот дава 299 коњски сили, со помош на кои големиот мерцедес забрзува од 0-100 км/ч за 6,9 секунди.

Бидејќи е тешко да се одреди колку вреди едно вакво возило, продавачот ја има ставено цената од 150.000 евра, која е оригиналната продажна цена на моделот конвертирана во актуелниот курс. Продавачот отворено признава дека „може да биде тешко да се одреди цената на автомобилот“.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе