М и Зи модели

Сонот на секој љубител на БМВ: колекција вредна над 3 милиони долари (ФОТО+ВИДЕО)

Доколку сте човек со обврски, почнувањето колекција автомобили може да биде потфат кој одзема многу време.

 

Не треба ни да се кажува дека треба да имате натпросечна финансиска состојба за воопшто да почнете да размислувате за такво нешто. Класични автомобили не поевтинуваат, туку сосема спротивното. Што значи дека доколку немате трпение да одите на аукции, да разгледувате огласи и да се сретнувате со продавачи кои не се баш најискрени за своите автомобили, секогаш ви останува опцијата да купите нечија туѓа колекција.

Нормално, луѓето ретко ги продаваат своите колекции, но дури и кога тоа ќе се случи, тешко дека ќе постигнете добра цена. Сепак, никој не сака лесно да се раздели од нешто во што вложил многу време, ресурси и грижа доколку навистина не им се потребни пари.

Доколку влечете накај моделите на БМВ (особено М и Зи моделите), се продава фантастична колекција на 13 најдобри модерни класици на баварците. Наречена е „Колекција на БМВ легенди“ и се продава во Охајо.

Станува збор за 13 автомобили во колекција на дел од најдобрите автомобили со М и Зи ознаките од 1981 до 2013 година. Во рекламата е наведено дека за првпат ваква историска колекција на БМВ ѝ се нуди на јавноста.

Треба да се истакне дека автомобилите се продаваат заедно, па не може да одберете само еден, ќе мора да ги платите сите 3,2 милиони долари за колекцијата. Транспортот е обезбеден само за во Соединетите Американски Држави.

Тоа е поприлична сума пари за автомобили од последните четири децении, но треба да знаете дека сите возила се „целосно подмладени во речиси беспрекорна состојба“, барем според продавачот. Ви ја пренесуваме целосната листа на автомобили со фотографии и детално видео. Уживајте.

БМВ М1 1981

БМВ Е28 М5 1988

БМВ Е24 М6 1988

БМВ Е30 М3 спорт еволушн 1990

БМВ Зи1 1991

БМВ Е36 М3 лајтвејт 1995

БМВ Зи3 М купе 2001

БМВ Е39 М5 2002

БМВ Зи8 родстер 2003

БМВ Е46 М3 компетишн 2005

БМВ Зи4 М купе 2007

БМВ 1М купе 2011

БМВ Е92 М3 рок парк едишн 2013

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе