Шкода 110 Р

„Социјалистичкото порше 911“ наполни 50 години (ФОТО+ВИДЕО)

Шкода, дури и во времето на социјализмот, се издвојуваше од конкурентите зад „Железната завеса“. Еден од најдобрите докази за тоа е шкода 110 Р, купе верзијата на серијата 100/110, моделот кој пред половина век премиерно бил прикажан на саем во Брно.

 

А развојот на шкода 11 Р, во Чехословачка познат како „ерко“, почнал во 1966 година. во март 1968 година бил претставен првиот прототип со интерно име ШС718. Купе каросеријата се разликуваше од лимузината со елегантно спуштениот заден дел, накосеното ветробранско стакло и двете широки врати со прозорци без рамки.

Вториот прототип бил довршен во март 1969 година и веќе имал двоен карбуратор и алтернатор наместо динамо.

За светската премиера на моделот 110 Р Шкода поканила избрани новинари во студентскиот дом на сопствената школа во Млада Болеслав. По конференцијата за новинари, на гостите им било овозможено да го тестираат новото спортско купе на блискиот аеродром Хошковице.

Јавноста за првпат го видела моделот 110 Р на Саемот за машинство во Брно на 5 септември 1970 година, кога биле изложени три модели.

Основа за меѓународниот успех биле настапите на саемите во Париз, Лондон и Торино до крајот на годината.

Побарувачката за 110 Р нагло пораснала, но и засиленото производство ѝ создало проблеми на Шкода поради тогашната политичка рамка. До крајот на 1970 година од фабричките ленти се симнале само 121 возило, а дури во вториот квартал на 1971 година првите примероци од купето можеле да им бидат испорачани на странските купувачи.

Како резултат на тоа, чешката автомобилска компанија се сконцентрирала првенствено на извозот: од околу 3.000 возила произведени во 1971 година, само 442 примероци дошле во салоните на тогашниот чехословачки дилер Мототехна.

Почетната цена на шкода 110 Р изнесувала 78.000 круни, што во тоа време одговарало на износ од околу 40 месечни плати во Чехословачка.

Шкода 110 Р била долга 4,16 метри, широка 1,62 метри, висока 1,34 метри, со меѓуоскино растојание од 2,40 метри. Ја придвижувал реден четирицилиндерски мотор сместен во задниот дел, опремен со ладилник на маслото и двоен карбуратор.

Од зафатнината од 1.107 кубици моторот давал 52 коњски сили на 4.650 вртежи во минута, што во комбинација со малата тежина од само 880 килограми овозможило многу динамично доживување во возењето. Шкода 110 Р го добива прекарот „социјалистичкo порше 911“ поради сличниот технички концепт.

Овој модел постигнувал максимална брзина од 145 км/ч на своите радијални гуми 165 СР-14, а за спринт од 0-100 км/ч му биле потребни 19 секунди. За сопирањето биле задолжени диск сопирачки напред и барабани или „добоши“ на задните тркала.

 Бидејќи 57 отсто од тежината била на задните тркала, спортското купе имало исклучително триење со подлогата. Просечната потрошувачка изнесувала 8,5 литри на 100 километри, додека зафатнината на резервоарот за гориво, сместен во предниот дел, изнесувала 32 литри. Под предниот капак бил и багажникот од 250 литри, додека вториот багажник, зад задните седишта, собирал 120 литри, но бил достапен и во возење.

Првите примероци имале инструмент табла во дрвен декор, која набрзо ѝ го отстапила местото на мат црна верзија. На инструмент таблата имало пет кружни инструменти. Зад работ на воланот, возачот гледал во големиот брзиномер, чиј црвен дел почнувал на 5.750 вртежи во минута.

Основната опрема на шкода 110 Р вклучувала анатомски обликувани предни седишта. Ако наслоните се преклопеле кон напред, се доаѓало до задните две седишта.

Од 1970 до 1980 година купето на Шкода добило бројни ситни дотерувања кои ја обезбедувале конкурентноста на моделот. Така од јануари 1973 четири предни светла го краселе „лицето“ на автомобилот, предните седишта добиле потпирачи за глава, а 14-инчните тркала ги замениле 13-инчни.

Со компактниот спортски автомобил Шкода постигнала значителни продажни успеси дури и на строгите извозни пазари. Така во 1973 година дури 93 отсто од околу 6.000 произведени купеа биле испорачани надвор од Чехословачка.

Следната година производството било зголемено на околу 7.500 возила, а замав на извозот му дала и верзијата со волан на десната страна за купувачите во Британија. Во последната година од производството, 1980, извозот бил ограничен на југословенскиот и шпанскиот пазар.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе