Г-ваген

Славниот папамобил на Мерцедес наполни 40 години (ФОТО+ВИДЕО)

Мерцедес само една година по лансирањето на првата генерација на Г-класата го модификуваше теренското возило за потребите на папата.

 

Првиот мерцедес „геландеваген“ во кој се возеше поглаварот на Римокатоличката црква  беше направен во 1980 година за потребите на папината посета на Германија.

Возилото кое по повод 40-годишниот јубилеј е изложено во музејот на Мерцедес до септември, има специјално конструирана платформа на задниот дел, издигната за 40 сантиметри од подот на автомобилот.

На задниот дел на платформата има едноделна клупа со бела кожа, додека напред и од срана се вградени ролбар држачи за кои папата се придржува за време на возењето и средбите со верниците.

Веројатно највпечатливиот детал на автомобилот е провидната пастична купола со која е покриена платформата.

Изработена специјално за потребите на папата, оваа конструкција висока 2,8 метри му овозможува на папата да биде видлив за собраните верници и кога седи и кога стои.

За да се избегне ефектот на стакленик, вграден е посебен систем за климатизација, кој обезбедува пријатна температура во задниот дел на патничката кабина, но спречува замаглување на стаклените површини, без оглед на временските услови.

Имајќи предвид дека е папамобил, брзината не е во преден план, па отигиналното возило има 4-цилиндерски бензинец со скромни 102 коњски сили, а моторот е во комбинација со автоматски менувач.

Откако во 1981 година врз тогашниот папа Јован Павле Втори беше извршен неуспешен атентат, возилото беше надградено со блиндирано стакло.

Вториот папамобил базиран врз Г-класата на Мерцедес беше направен во 1982 година, со основа од посилната верзија 230ГЕ која има 125 коњски сили.

За разлика од претходникот, кој ја имаше регистерската ознака СЦВ 7, овој ја доби ознаката СЦВ 6 на табличката.

Бидејќи двете возила до тогаш формално беа во сопственост на Мерцедес кој ги позајми за потребите на превозот на папата, германскиот произведувач реши во 1982 официјално да му ги подари на Ватикан.

Дваесетина години подоцна, во 2004, оригиналниот папамобил од 1980 му беше вратен на Мерцедес, во чија колекција на класични ватомобили се наоѓа и денес.

Традицијата на користење на Г-класата за папамобилите продолжи во 2007 година, кога на папата Бенедикт му беше врачен специјално прилагоден мерцедес Г500 со отворен покрив, на кој по потреба исто така може да се монтира стаклена купола.

Оригиналниот папамобил „геландеваген“ од 1980 не е првиот автомобил на Мерцедес кој го користел некој папа.

Уште во 1930 година папата се возел во специјално конструиран мерцедес нурбург 460.

По војната папата користел мерцедес 300 ландоле (1960), а од 1965 и суперлуксузниот мерцедес 600 пулман ландоле.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе