БМВ 3.0 ЦСЛ од 1972

Славниот баварски „бетмобил“ ќе ве остави без здив (ФОТО+ВИДЕО)

Култниот БМВ 3.0 ЦСЛ од 1972 година е еден од највпечатливите модели некогаш произведени од БМВ и на пат е да се продаде за повеќе од 100.000 долари.

 

БМВ го разви како специјален хомологациски модел за Европскиот шампионат за патнички автомобили а производството почна во 1971 година. Овој автомобил е еден од само 168 произведени примероци направени во 14-те месеци од првата серија.

Огласот открива дека автомобилот излегол од фабриката со жолта воја но бил обоен црн за време на комплетното реставрирање во 1990-тите. Во истото време биле додадени и лентите во три бои. Автомобилот го добил и славното задно крило, симболот на „бетмобилот“ на БМВ и спојлерот на покривот, како и спортските крилца на предниот дел. Сѐ уште ги има фабричките 14-инчни бандажи.

За време на реставрација, му бил ставен 3,5-литарски линиски шестцилиндерски мотор М30Б34 со Вебер карбуратори. Во комбинација со моторот е петбризнски менувач Гетраг 245/10, кој бил вграден во ноември 2018. Оригиналниот 3,0-литарски бензинец на автомобилот доаѓа со него.

Истиот овој автомобил бил продаден во 2014 за 148.000 долари, а при последното менување сопственик на минатогодишна аукција добил 131.000 долари. Еден експерт тврди дека тоа што автомобилот ги нема оригиналните боја, мотор и менувач влијае врз неговата вредност.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе