Легенда

Славната „четворка“ на Рено го слави 60-от роденден (ФОТО+ВИДЕО)

Славниот рено 4, рекламиран како „малиот џин“ и „совладувач на времето“, се појави во 1961 година, а се произведуваше сè до 1993.

 

Рено цела 2021 година ќе му ја посвети на својот легендарен модел Р4, кој за нешто повеќе од три децении се продаде во 8.135.424 примероци.

Славната „четворка“ беше толку популарна што се продаваше во над 100 земји во светот и стана и вистинска поп икона.

Рено 4 беше претставен на Саемот за автомобили во Париз во далечната 1961 година, заменувајќи го тогаш многу популарниот модел 4ЦВ.

Првиот мотор кој се вградуваше во „четворката“ во тоа време беше просек на класата на која Р4 ѝ припаѓаше, додека денес е во категоријата на малку посилните скутери.

Првата верзија ја придвижуваше прастариот четирицилиндерски бензинец со зафатнина од 747 кубици кој развиваше само 26 коњски сили. Силата ја пренесуваше на предните тркала преку трибрзински мануелен менувач.

Инаку, рачката на менувачот во „чадор“ стил се наоѓаше на инструмент таблата и тие што ја користеле имаат само позитивни зборови за неа. Со време, моторот „порасна“ на 956 кубни сантиметри и 34 коњски сили.

Најголемиот мотор со зафатнина од 1.108 кубни сантиметри развиваше исто така 34 коњски сили, но со нешто поголем вртежен момент.

Со посилните мотори дојде и менувачот со четири брзини.

Интересно е што францускиот автомобил во поранешна Југославија се произведуваше во дури две фабрики. Прво во Литострој, а потоа во ИМВ, сè до завршувањето на производството.

Називот „малиот џин“ по кој беше познат всушност е стар рекламен слоган на една од нашите тогашни фабрики.

Инаку, Рено на почетокот на годината најави дека ќе ја обнови „четворката“, но како целосно нов, современо дизајниран модел на струја.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе