Скандал во Тојота – речиси 20 години лажирале податоци за издувните гасови

Компанијата Хино мотор, главната подружница на јапонската корпорација Тојота мотор, фалсификувала податоци за емисиите на гасови од некои мотори уште од 2003 година, дури повеќе од една деценија пред тоа да биде првично утврдено, покажуваат резултатите од истрагата платена од самата компанија Хино.

Истражниот одбор, на кој Хино му дал задача да ја спроведе истрагата, за скандалот ја обвини работната средина во која инженерите не се чувствуваат слободни да им се спротивстават на претпоставените, што е ретка критика на корпоративната култура во Јапонија.

Одборот, составен од правници и корпоративни советници, компанијата Хино мотор го формирала оваа година откако призна дека се фалсификувале податоци за емисиите на гасови и перформансите на горивата за четири модели мотори. Во извештајот на одборот, објавен денес, детално се опишува нефлексибилната атмосфера во која вработените не чувствуваат „психолошка сигурност“.

Свеста за претходните успеси меѓу дел од раководството формирала простор за создавање таква бизнис култура, кажа претседавачот на одборот Казуо Сакакибара, поранешен главен обвинител во окружното јавно обвинителство во Осака.

„Повеќето нивни минати успеси ги направиле неспособни да се менуваат или да се согледаат себеси објективно, направила да не бидат свесни за промените во надворешното опкружување и промените на вредностите“, кажа тој, оценувајќи дека „тоа довело до лошо организирана компанија во која луѓето не можат да кажат што не можат да направат“.

Претставникот на Хино се извини пред новинарите и кажа дека менаџментот сериозно ги сфаќа своите одговорности. Компанијата соопшти дека ќе излезе со нов систем на управување во рок од три месеци.

Истражниот одбор нашол докази за фалсификување податоци за емисиите од 2003 година, за разлика од претходно објавеното дека таквата пракса датира од 2016 година.

Јапонското министерство за сообраќај во март го повлече сертификатот за овој произведувач на камиони за моторите погодени со овој скандал.

Хино повлече речиси 47.000 возила произведени меѓу април 2017 и март годинава, но повлекувањето веројатно ќе се прошири.

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе