Ситроен планира да престави нова луксузна лимузина во 2021

Ситроен работи на сосема нова директорска лимузина која треба да биде прикажана во 2021 година, јавува Ауто експрес.

 

На дискусија за идниот модел на автомобилскиот саем во Шангај, извршната директорка на Ситроен Линда Џексон кажа дека француската компанија е во совршена позиција да создаде таков автомобил.

„За да го зачуваме угледот како светска марка, ние мора да имаме понуда која ќе има мали автомобили, средни автомобили, кросовери и големи автомобили. Ситроен има доволно кредибилитет како која било друга автомобилска компанија за да има голема лимузина. Само што ние тоа не го правиме на многу традиционален начин. Ќе имаме таков автомобил. Има пазар за таков модел, и тој ќе пристигне за неколку години“, кажа Џексон.

Под каросеријата на новиот модел на Ситроен ќе биде ЕМП архитектурата на ПСА групацијата која во моментов се користи кај пежо 508 и опел грандленд икс.

Што се однесува до дизајнот, инспирацијата Ситроен ќе ја црпи од концептот цекспириенс прикажан во 2016, пто значи дека најверојатно ќе има форма на спортбек со пет врати.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе