Ситроен направи модерно спачек комби од берлинго (ФОТО)

Ситроен најави дека соработува со италијанската компанија за изработка на каросерии Каселани за да го претвори берлингото во омаж на моделот 2ЦВ фургонет. Резултатот е пресимпатично ретро доставно возило чие производство треба да почне на 1 октомври.

 

„Особено сме горди што нашиот бестселер берлингото доби нов изглед од Каселани, влечејќи инспирација од 2ЦВ фургонет, кој остави трага во историјата на Ситроен и целата автомобилска индустрија“, кажа Пјер Леклер, шефот на дизајн на Ситроен. „Дизајнирањето на моделот почна во студијата на италијанската компанија. А потоа работата ја продолживме заедно“.

Инспирација за ситроен 2ЦВ берлинго фургонет е работното возило од 1951 базирано на легендарниот спачек. Тоа значи дека берлингото доби нов изглед, а додатоците се направени од фиберглас. Хауба во форма на V, предни светла над тркалата, целиот дизајн потсетува на оригиналното комби.

„Спецификациите за дизајнот не вклучуваа едноставно копирање на формите на старото комби во буквална смисла“, вели Давид Обендорфер, дизајнер во Кастелани. „Наместо тоа, требаше да се вратиме назад во времето и да го пренесеме уникатниот шарм на возило од 21 век. Како далечен наследник, берлингото е целосно дизајнирано како омаж на ситроен 2ЦВ од 1950-тите“.

И покрај тоа што личи старовремски, 2ЦВ берлинго фургонет е прилично практичен со 4,4 квадратни метри товарен простор и можност да повлече до еден тон тежина. Може да се добие со бензински, дизел или електричен мотор.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе