Со електричен концепт

Ситроен му се враќа на името „ами“ и наследството на спачекот (ВИДЕО)

Француската компанија на автомобилскиот саем во Женева ќе ја претстави својата нова визија за индивидуален урбан превоз на иднината – концептот ами уан.

Малиот градски автомобил, долг само 2,5 метри, широк 1,5 метри и висок 1,5 метри тежи само 425 килограми.

Го придвижува електричен мотор, а максималната брзина му е 45 км/ч, што значи дека во некои земји за него не е потребна возачка дозвола од Б категорија.

Електричната енергија се чува во литиум-ионски батерии под подот на кабината, а потреби се 2 часа целосно да се наполнат со онични јавни полначи за електрични автомобили. Со полни батерии, ами уан има радиус од 100 километри.

Бидејќи сите возила на електричен погон од 1 јануари мора да емитуваат вештачки звук про мали брзини, за да ги предупредат пешаците, Ситроен го опреми концептот со специфичен генератор на звук кој го менува тонот во согласност со брзината.

Ами уан е замислен како приватно возило, но и како автомобил за споделување меѓу повеќе луѓе преку таканаречената програма кар-шеринг.

Ситроен смета дека концептот ами уан е алтернатива на јавниот превоз во градовите, но и на другите мали превозни средства како велосипедите или електричните тротинети.

Револуцијата која ами уан би ја внел во урбаниот сообраќај француската компанија ја споредува со онаа која на времето ја предизвика ситроен 2ЦВ (популарниот спачек), кога кон средината на 20 век на голем број луѓе во Франција, но и низ целиот свет, им овозможи евтин и практичен индивидуален превоз.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе