Порано од најавеното

Ситроен го претстави сосема новиот Ц4 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ситроен реши да не нѐ остава да чекаме до 30 јуни за подетален преглед и објави неколку официјални фотографии од новиот Ц4, како и електричната верзија на моделот.

 

Новата генерација на „Ц-хечбекот“ има нов и иновативен дизајн, и ќе биде достапна во бензинска, дизел и целосно електрична варијанта. Дебито се планира за втората половина на годинава.

Компактните хечбеци се прилично важни за Ситроен, бидејќи тие учествуваа со речиси 28 отсто од целиот Ц-сегмент во Европа минатата година. според француската компанија, новиот Ц4 „ги исполнува сите барања на прилично конкурентниот сегмент, а нуди модерен и карактеристичен дизајнерски концепт како интегрален дел на производот што се нуди“.

Што се однесува до е-Ц4 верзијата, ова е петтиот модел на струја најавен годинава како дел од стратегијата за електрификација на Ситроен. Следи по моделите како Ц5 еркрос хибрид, ами е-диспеч и е-спастурер.

Како што се очекуваше, Ситроен одлучи да го измеша динамичниот изглед на хечбекот со суптилни кросовер квалитети за „кренато и наметливо“ држење, како што го најавија изгледот на новиот Ц4. Проблемот е што ќе биде тешко новиот Ц4 да се гледа како директен ривал на фолксваген голф, форд фокус и рено меган со овој новооткриен идентитет.

На 30 јуни ќе дознаеме сѐ што нѐ интересира за новиот Ц4.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе