Редизајн на популарниот модел

Ситроен го поднови Ц3 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ситроен ги објави првите фотографии и технички детали од рестилизираниот модел Ц3.

 

По неколку успешни години на пазарот, дојде време за „фејслиф“ на ситроен Ц3.

Француската компанија го рестилизираше предниот дел на возилото, кој сега има нови ЛЕД фарови, но и поинаков браник и решетка, чија лајсна е поврзана со ЛЕД светлата.

Променет е и дизајнот на страничните заштитни лајсни на вратите (ербампс), додека разликите на задниот дел на возилото се речиси незабележливи.

Со редизајнот се проширени и можностите за персонализација на автомобилот од 36 на дури 97 комбинации, а најинтересно дизајнерско решение е покривот, кој е достапен во 4 бои, со уште 3 графички опции на централниот дел.

И внатрешноста претрпе одредени промени, со воведување поквалитетни материјали кои се помеки на допир, велат од Ситроен.

Унапредени се и седиштата, по примерот на оние во Ц4 кактус и Ц5 еркрос, па возењето сега е поудобно.

Под хаубата се наоѓа трицилиндерскиот 1,2-литарски пјуртек бензинец со 82 и 110 коњски сили, како и четирицилиндерскиот 1,5-литарски блуХДи со 100 коњски сили.

Покрај рачниот менувач купувачите може да одберат и шестбрзински автоматски во сите модели, освен во основниот бензинец.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе