Освежен изглед и нова технологија

Ситроен го поднови Ц3 еркрос (ФОТО+ВИДЕО)

Со понаметлив дизајн, подобрен комфор и препознатливата модуларност, новиот ситроен Ц3 еркрос и идеалниот кросовер за урбано живот и рекреација, порачува француската компанија.

 

Ц3 еркрос на Ситроен на патиштата е присутен од 2010 година, а сега доби редизајн. Од Ситроен сметаат дека моделот доби на сериозност без да ја изгуби својата уникатност, сега со сосема ново „лице“, нови комбинации од бои и поголем комфор при возењето.

Францускиот кросовер доби понаметлив карактер во истата форма на каросеријата, главно поради редизајнот на предниот дел на возилата, но и зголемената моќност.

Технологијата треба дополнително да го помогне животниот стил, а особено способностите надвор од асфалтот, со системите за контрола на пролизгувањето и за помош при искачувањето.

Комфорот е надграден со новите седишта преземени од Ц4 кактус и Ц5 еркрос.

За да се олесни секојдневното користење, редизајнираниот кросовер добива нов, поголем, 9-инчен екран чувствителен на допир, нови делови за оставање ситни предмети на централната конзола, и нови технологии за поврзување и асистенција вклучувајќи хедап дисплеј и камера за возење наназад.

Редизајнираниот Ц3 еркрос се очекува во салоните на Ситроен од јуни годинава.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе