Сите нови модели на Пежо ќе добијат спортски верзии

Пежо потврди дека сите негови нови модели ќе бидат достапни и во верзии со високи перформанси.

Француската автомобилска компанија треба да ја прошири понудата во следните години и во интервју за Ауто експрес генералниот директор Жан Филип Импарато откри кои зсе непосредните планови.

„Сакам да имаме големо претставување секоја година во секој регион – тоа ќе биде случајот во 2021 и ќе имаме нешто во март“, истакна тој. „Потоа работиме на следниот чекор во понудата на Пежо за 2023 – секогаш форсирам обновување на понудата за да постигнеме едно претставување годишно, каква што е стратегијата“.

Импарато потврди дека претставувањето на 508 Пежо спорт енџениерд ќе го одбележи почетокот на претставување на нови спортски модели.

„Со секој нов автомобил, почнувајќи со 508, целта ми е да се претстави врвна спортска верзија на автомобилот“, кажа тој. „Ќе го претставиме на почетокот на 2021 година за да испратиме порака до пазарот. Става нешто на врвот на нашата понуда што испраќа порака до светот дека не сакаме транзицијата кон електричните возила да биде здодевна – сакаме да се забавуваме дури и ако испуштаме јаглерод диоксид под 50 грама. Тоа е пораката која сакаме да ја испратиме со електрификацијата“.

Пежо 508 ПСЕ плагин хибрид има турбобензински 1,6-литарски мотор помогнат од два електромотори, по еден на секоја оска, кои ќе работат заедно за да произведат 335 коњски сили. Автомобилот ќе има и осумбрзински автоматски менувач и погон на сите тркала.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе