Си купил ново БМВ М5 и го искршил неколку минути по заминувањето од салонот (ФОТО+ВИДЕО)

Сопственик на чичка ново БМВ М5 целосно го искршил автомобилот минути откако го преземал од дилерот.

Нема многу детали, но судирот веднаш стана вирална сензација откако на Фејсбук беа постирани фотографии и видео од резултатот.

Судирот наводно се случил во Балтимор, Мериленд, САД, откако друг автомобил странично го поткачил „бемвето“. По ова наводно возачот на М5-ката изгубил контрола и удрил во бандера.

Што и да се случило, М5-ката претрпела значителна штета и целиот преден дел бил уништен во судирот. Иако на предниот дел е главниот дел од штетата, може да се забележат и свиткани задна врата и крило. Тука бил најверојатно првичниот контакт со другото возило кога сѐ тргнало во лоша насока.

Во инцидентот нема повредени, но дефинитивно бил лош ден за сопственикот на „бемвето“ кое има само 11 километри на мерачот.

М5-ката најверојатно била осигурена, а во САД таа чини 102.700 долари. Има твинтурбо 4,4-литарски V8 кој дава 592 коњски сили, благодарение на кои спортскиот седан до 100 км/ч стигнува за 3,4 секунди и продолжува до максималната брзина од 305 км/ч.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе