Кортеж аурус

Што сѐ знаеме за новата лимузина на Путин (ФОТО+ВИДЕО)

Како што беше најавено, новата претседателска лимузина аурус на Владимир Путин за првпат беше јавно покажана на денот на инаугурацијата на старо-новиот претседател на Русија.

По неколку години најавување и повеќе фотографии од различните прототипови, конечната верзија на Путиновата претседателска лимузина конечно излезе на дневна светлина.

Автомобилот со кој рускиот претседател се одвезе на положувањето на заклетвата беше создаден токму на негова иницијатива. Рускиот претседател предложи на рускиот пазар да се претстави линија домашни, луксузни лимузини, моноволумени и кросовери под заедничкиот назив „Проект Кортеж“.

Идејата беше претседателот да има посебно возило, но паралелно да се развијат возила за останатите високи државни функционери, вклучувајќи специјализирани возила, миниванови и кросовери. Дел од производството треба да биде достапен и на слободниот пазар.

Конечната верзија на лимузината кортеж која можевме да ја видиме на инаугурацијата однадвор изгледа како комбинација од С-класата на Мерцедес и фантом на Ролс Ројс.

Според неофицијалните информации, автомобилот под хаубата има V12 мотор со турбополнач и 850 коњски сили, развиен со помош на Порше, а автоматскиот деветбрзински менувач е наводно од руско производство.

Лимузината на првиот руски претседател Борис Јелцин ЗИЛ-41052

Што се однесува до останатите возила од Проектот Кортеж, планирани се моноволумен, кросовер и помала лимузина, а секој од луксузните модели ќе се изработува во серии од по 5.000 примероци.

Храбрите лидери можат да успеат со порака за надеж, отвореност и инклузивност и со промовирање на визија за напредок заснована на веродостојни реформи.

повеќе

Кога панаѓурот ќе помине, и кога наредното утро ќе се погледнете во огледало – сите работи што ве прават незадоволни од самите себеси и понатаму ќе бидат видливи: и изгледот, и навиките, и карактерот... Само идентитетот ќе ви го нема.

повеќе

Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, доколку биде ратификуван, ќе влезе во аналите на историјата на дипломатијата.

повеќе