Што се случува со автомобилот при судир со ѕид при 150 км/ч (ВИДЕО)

Кога научниците низ светот спроведуваат тестови со судирање на возила, и кога гледаме како се виткаат и кршат, тие обично одат многу поспоро отколку што изгледа, најчесто околу 50-60 км/ч. Но што се случува кога возиме многу побрзо?

Францускиот јутјуб канал Вијбрекјан (коленесто вратило или радилица на француски) решил да дознае. Тие сакале да откријат што се случува при судир во ѕид на автопат со брзина многу поголема од дозволената.

Тоа се покажало прилично тешко, бидејќи дизајнерите на француските патишта се потрудиле да не ставаат големи ѕидови на автопатите. Затоа изнајмиле аеродром и поставиле 72 бетонски блока за да направат ѕид кој тежи околу 86 тони.

Во него се залетале со БМВ серија 5 карван. Пред да помислите дека уништиле добар автомобил, треба да знаете три нешта: како прво, дизел е. Второ, го купиле, меѓу другото, бидејќи имал поминато 284.000 километри.

Трето, кога се обиделе да ги избришат предупредувањата на инструмент таблата, откриле дека бројката е лажна. Всушност, автомобилот имал поминато над 650.000 километри откако излегол од фабриката. Момците дури и се обиделе да ги извадат деловите кои би можеле да се употребат пред да го спроведат експериментот, но не можеле да најдат ништо што било вредно за чување.

Потоа го извадиле возачкото седиште, поставиле далечински контролиран систем за управување, ставиле камера во висина на главата на возачот, и го поврзале со систем за виртуелна реалност. Потоа се обиделе да ја удрат „петката“ карван во ѕидот што е можно побрзо, следејќи ја со друго возило.

Иако сакале да постигнат брзина од 200 км/ч, успеале да достигнат само околу 150 км/ч. Тоа е брзина која повеќето од нас сме ја постигнале на автопат.

Тоа го прави тестот уште поосвестувачки. Одличен потсетник за опасноста што доаѓа со брзината.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе