Што прави порше 550 спајдер во музејот на Мерцедес? (ФОТО)

Посетителите на Мерцедес музејот може да забележат дека еден од изложените автомобили ја нема трикраката ѕвезда на хаубата.

Мерцедес музејот сакал да ја прослави десетата годишнина на музејот на Порше, и нашол одличен начин да ја покаже својата почит преку поставувањето на порше 550 спајдер меѓу легендарните „сребрени стрели“.

Дополнително, Мерцедес музејот им понуди на сите вработени во Порше бесплатен влез во текот на десет дена, меѓу 31 јануари и 10 февруари, а треба само да ја покажат својата работничка идентификација.

Двата музеи во Штутгарт соработуваат со години, и им даваат 25 отсто попуст на својата влезница на сите што ќе покажат соодветен билет од другиот музеј.

„Испраќаме искрени честитки ндо Порше музејот и се надеваме дека нашиот музејски партнер ќе продолжи да биде подеднакво успешен колку што е актуелен“, изјави Кристијан Буке, шефот на Мерцедес-бенц класик. „Со Порше музејот и Мерцедес-бенц музејот Штутгарт може да се пофали со два светски потврдени автомобилски музеи. Една од главните причини зошто многу посетители од целиот свет доаѓаат во нашиот град се да ги посетат нашите две институции“.

Мерцедес и Порше имаат врска која се протега повеќе од еден век – пред да ја формира својата компанија, Фердинанд Порше работел во австриски Дајмлер како технички директор од 1906 и помогнал во равојот на повеќе модели на Мерцедес, како на пример тркачкиот автомобил мерцедес Тарга-Флорио од 1924 и спортскиот модел тајп СС компресор од 1928 година.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе