Монтажа

Што ако мерцедес Г-класа беше претставен како луксузен кросовер во 1969? (ФОТО)

Мерцедес бенц геландеваген, или Г-класа, во последно време стана статусен симбол, но секогаш ќе остане исклучително способен теренец. Меѓутоа, како би изгледала Г-класа доколку беше претставена во 1969, а не во 1979 година?

 

За да одговори на тоа прашање, Абимелек дизајн направи одлична монтажа на класична Г-класа која не е дериват од воени теренец, туку од старт би бил замислен како кросовер за богати купувачи со акцент на луксузот. Резултатот е многу интересен.

Целосната форма на замислената Г-класа од 1969 е слична на вистинската благодарение на коцкестиот облик кој стана безвременски. Меѓутоа, предната маска на геландевагенот е инспирирана од мерцедес бенц 600 гросер, со голема хромирана решетка и вертикални фарови со хромирани рамки. Браниците се исто така хромирани.

 И неколку други детали се преземени од возилата од крајот на 1960-тите – хромираните надворешни ретровизори и рачки на вратите, а тркалата се преземени од мерцедес бенц 280.

Штета што не можеме да знаеме каков би бил за возење луксузниот теренец на Мерцедес од 1960-тите...

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе