„Чешкиот голф“

Шкода за првпат ја покажа камуфлираната скала, ги објави техничките детали (ФОТО+ВИДЕО)

Чешката компанија објави нови детали и први официјални фотографии, иако камуфлирани, од новиот компактен хечбек кој ќе дебитира до крајот на годината и ќе го замени моделот рапид.

 

Скала е новиот модел на Шкода во таканаречениот „Ц“ сегмент на компактни хечбек автомобили, односно во „голф класата“, каде покрај главниот модел на Фолксваген за своето место под сонцето се борат и рено меган, опел астра, форд фокус, пежо 308...

На првите официјални фотографии новиот модел на Шкода сѐ уште е покриен со „камуфлажа“, па деталите се скриени но се гледа обликот на возилото.

Шкода ги објави и првите технички детали на скала. Автомобилот, според чешката компанија, ќе има високо ниво на активна и пасивна безбедност, ЛЕД предни и задни светла, многу простор за патниците и нивниот багаж, како и голем број „едноставно паметни“ решенија низ автомобилот.

Под хаубата ќе има пет погонски единици, и тоа од 90 до 150 коњски сили. Станува збор за три бензински и само еден дизел мотор, но подоцна ќе биде претставен и еколошки поприфатлив мотор на природен гас (ЦНГ). Сите мотори имаат турбо-полнач, старт/стоп технологија како и систем за регенерација на силата на сопирање.

Новиот модел ќе биде висок 4.362 милиметри, широк 1.793 милиметри и висок 1.471 милиметар, додека меѓуоскиното растојание е 2.649 милиметри.

Што се однесува до внатрешноста, скала се приближува до октавијата.

Шкода скала својата премиера ќе ја има до крајот на 2018 година, а ќе почне да се продава во 2019 година.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе