Шкода во залет – вака треба да изгледа новата фабија (ФОТО)

Годинава Шкода ги претстави новиот модел скала, нова генерација на супербот и најпопуларниот модел октавија, најавен е и нов рапид (за рускиот пазар), а сега и новата фабија.

Главниот адут во компактната класа би требало да се појави на пазарот во 2021 година, а британски Ауто експрес тврди дека ќе изгледа како на фотографиите.

Актуелната генерација на фабијата е на пазарот уште од 2014 година, а четврата итерација ќе добие нова платформа која нуди поатрактивен изглед и посовремени технологии и мотори.

Како што навикнавме со сите модели на Шкода, и фабијата ќе ја дели платформата со „браќата“ од другите марки на Фолксваген групата – фолксваген поло, ауди А1 и сеат ибица, кои возат на „ем-кју-би А0“ платформата.

Што се однесува до изгледот, фабија ќе добие поширока трага, поистакнати крила, модерли ЛЕД светла, и најновата дизајнерска линија на Шкода инспирирана од кристалите.

Што се однесува до ентериерот, во центарот на вниманието секако ќе биде мултимедијалната техонологија – мултимедијалниот систем МИБ 3.0 на Шкода, 6,5 и 9,2-инчни екрани, дигитална инструмент-табла.

За погонот ќе бидат задолжени веќе познатите мотори – 1,0-литарскиот ТСИ турбобензинец во верзии со 95 и 115 коњи ќе го замени актуелниот 1,2 ТСИ, потоа 1,5-литарскиот ТСИ со 150 коњски сили и секако хибриден систем. Дизелашите најверојатно нема да се вратат во понудата.

Со новата генерација се очекува и зголемување на почетната цена на шкода фабија на европскиот пазар – на околу 15.000 евра за основната верзија.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе