Шкода вижн IV концепт е уште едно кросовер купе со недефиниран заден дел (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еден ден пред автомобилскиот саем во Женева за оваа година да ги отвори своите врати за новинарите, Шкода го претстави концептот вижн IV.

 

Станува збор за кросовер купе и е првото возило на чешката марка кое вози на ем-и-би платформата за електрични возила на Фолксваген групацијата. Според Шкода, вижн IV користи два електромотори, по еден на секоја оска, кои користат рамни литиум-ионски батерии инсталирани на долниот дел на каросеријата за да се заштеди простор. Моделот треба да има радиус од 500 километри, иако сѐ уште нема информации за перформансите.

На предниот дел доминира светлосна лента која ги поврзува тенките предни светла. Има и голема затворена маска со вертикални ребра, мускулеста хауба и агресивно дизајниран преден браник. Линијата на покривот, ародинамичниот мал спојлер, задните ЛЕД светла во облик на буквата „С“ и импозантниот дифузер со уште една светлосна лента придонесуваат на футуристичкиот изглед.

Концептот го следи и најновиот тренд во автомобилскиот дизајн – нема традиционални надворешни ретровизори. Има и врати без рамки на прозорците и рачките на вратите не се гледаат.

А тоа што денешните дизајнери очигледно не знаат да се снајдат со изгледот на задниот дел на моделите во оваа нова квази-класа на спортски кросовер купеа најверојатно ќе биде предмет на истражувања во иднината.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе