Електричниот концепт со седум седишта ќе води кон сериски кросовер кој ќе биде едно од трите електрични возила кои ќе ги претстави Шкода во следните неколку години. Два од тие ќе бидат мал хечбек и мал кросовер, но вижн 7С ќе биде најголемиот кросовер на Шкода и ќе ја заземе сегашната позиција на кодијак.
Ќе ја има истата електрична платформа ем-и-би на енјак, како и на други електрични возила од семејството Фолксваген, како фолксваген ИД.4 и ауди кју-4 е-трон. Шкода вели дека концептот има батерија од 89 киловат часови која дава радиус од над 600 километри.
Покрај промовирањето на идејата за голем електричен кросовер, главната цел на вижн 7С е да го прикаже новиот дизајнерски израз на Шкода, како и ребрендирањето. 7С го отфрла традиционалниот црно-сребрен знак на Шкода со името на марката на предната решетка.
Поголемиот дел од дизајнерските решенија на концептот речиси сигурно ќе бидат сменети, како задните контра врати и отсуството на централен столб, но се надеваме дека изгледот на големиот кросовер ќе остане сличен бидејќи одлично изгледа. Како да го дизајнирале во Рејнџ Ровер.