Најава за иднината

Шкода вижн 7С концепт ја најавува електричната замена на кодијак (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкода работи на голем брат со седум седишта на електричниот кросовер енјак кој би требало да се појави во 2026 година, а вижн 7С концепт ни навестува како ќе изгледа.

 

Електричниот концепт со седум седишта ќе води кон сериски кросовер кој ќе биде едно од трите електрични возила кои ќе ги претстави Шкода во следните неколку години. Два од тие ќе бидат мал хечбек и мал кросовер, но вижн 7С ќе биде најголемиот кросовер на Шкода и ќе ја заземе сегашната позиција на кодијак.

Ќе ја има истата електрична платформа ем-и-би на енјак, како и на други електрични возила од семејството Фолксваген, како фолксваген ИД.4 и ауди кју-4 е-трон. Шкода вели дека концептот има батерија од 89 киловат часови која дава радиус од над 600 километри.

Покрај промовирањето на идејата за голем електричен кросовер, главната цел на вижн 7С е да го прикаже новиот дизајнерски израз на Шкода, како и ребрендирањето. 7С го отфрла традиционалниот црно-сребрен знак на Шкода со името на марката на предната решетка.

Поголемиот дел од дизајнерските решенија на концептот речиси сигурно ќе бидат сменети, како задните контра врати и отсуството на централен столб, но се надеваме дека изгледот на големиот кросовер ќе остане сличен бидејќи одлично изгледа. Како да го дизајнирале во Рејнџ Ровер.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе