Шкода славија е показна вежба како од обичен хечбек се прави нешто навистина кул (ФОТО+ВИДЕО)

Стажантите во Шкода успеаја да направат многу поинтересна верзија на моделот скала од хечбекот со пет врати кој може да се купи во салоните низ Европа.

 

Се вика шкода славија и е само концептен автомобил, што значи дека не може да се купи. За жал, бидејќи студентите на Шкода завршиле навистина добра работа претворајќи го секојдневниот хечбек во интересна спајдер верзија.

Влечејќи инспирација од тркачкиот автомобил од 1957 шкода 1100 ОХЦ, тркачкиот автомобил без покрив, славија ја одбележува 125-годишнината од постоењето на компанијата. Дизајниран од 31 стажант кои се обучуваат во школата на компанијата, седмиот студентски концептен автомобил на Шкода од 2014 година е мост меѓу минатото и сегашноста.

Наречена по првите велосипеди произведени од Вацлав Лорин и Вацлав Клемент откако ја формирале компанијата во 1895, шкода славија е целосно дизајнирана и направена од студентите, од првиот цртеж до крајното склопување.

Како што гледате, од предниот дел до А-столбовите, славија е идентична на сериската скала. Меѓутоа, од тука нештата стануваат многу поразлични, пред сѐ поради тоа што концептот има две а не четири врати, нема покрив и поради долгата специјална покривка со оригинални двојни грпки зад седиштата кои преминуваат во задниот спојлер.

Трансформацијата на скала во отворен модел со две седишта барала многу модификации, вклучувајќи зајакнување на подвозјето, заварување на задните врати, редизајн на подот за сместување на модифицираниот издувен систем, како и развој и набавка на нови делови. 20-инчните тркала, на пример, се земени од шкода кодијак РС, додека сопирачките и системот за управување од октавија РС.

Под хаубата се наоѓа моторот од сериската скала  - 1,5-литарскиот ТСИ со 150 коњски сили и седумбрзински ДСИ менувач со двојна спојка. Од скалата се оставени и предната и задната оска, целосната електроника вклучувајќи ги каблите, како и сите системи за помош при возење.

Целата инструмент табла, вклучувајќи го дигиталниот „виртуелен кокпит“ се исто така неизменети. Кога сме кај ентериерот, го красат две спортски седишта од Спарко со безбедносни ремени фуксирани во четири точки, многу кожа како и површини од карбон.

Багажникот е доволно голем да собере два електрични тротинети.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе