Шкода се пофали со својот прв електричен модел и подновениот суперб (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Чешкиот член на Фолскваген групацијата, компанијата Шкода во Братислава ги претстави својот прв целосно електричен модел и редизајнираниот суперб.

 

Супербот за 2020 година е претставен како хибрид со ознаката суперб ив со радиус од 55 километри само на електричен погон според најновите норми за мерење.

Основата е 1,4-литарски ТСИ бензинец со 157 коњски сили во комбинација со електромотор со 115 коњски сили, кои заедно даваат моќност од 218 КС.

Вкупната автономија на суперб ив е 850 километри со бензинскиот и електромоторот, кој може да се наполни со рекуперација на енергијата, или на обичен домашен приклучок до 80 отсто за два часа и 40 минути (до 100 отсто за три и пол часа).

Имајќи предвид дека станува збор за освежување на средината на производниот циклус на моделот претставен во 2015, супербот не е значително изменет.

Главните промени се на задниот дел каде наместо корпоративното лого сега стои написот SKODA, како и на моделите камик и скала.

Рестилизираниот преден браник ја зголеми должината на супербот за осум милиметри во лимузинската верзија, а за 6 милиметри во карванската.

Суперб доби и целосно ЛЕД матрикс фарови, преработени ЛЕД предни магленки и ЛЕД задни светла со пулсирачки трепкачи.

Под хаубата суперб ќе ги има стандардните мотори на Фолксваген групацијата, а влезната верзија е 1,5-литарскиот ТСИ со 150 коњски сили во комбинација со шестбрзински рачен или ДСГ автоматски менувач со двојна спојка.

Потоа следува 2,0-литарскиот ТСИ во две варијанти – со 190 и 272 коњски сили, а посилната верзија има и погон на сите четири тркала. Дизел моторите се 1,6-литарскиот ТДИ со 120 и 2,0-литарскиот ТДИ со 150 и 190 коњски сили.

Шкода заедно со супербот го претстави и својот прв целосно електричен модел – ситиго ив, базиран на веќе познатиот градски автомобил.

Електромоторот располага со 83 коњски сили, а автономијата меѓу две полнења е 265 километри. Електричниот ситиго забрзува од 0-100 км/ч за 12,5 секунди, а максималната брзина е 130 км/ч.

Шкода соопшти дека батеријата се полни за 60 минути до капацитет од 80 отсто со помош на брз полнач, а за четири часа на стандарден домашен приклучок.

Честите истакнаа и дека цената на нивниот прв електричен модел нема да биде над 20.000 евра.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе