Шкода октавија РСиВ – и спортска, и еколошка (ФОТО+ВИДЕО)

Шкода за првпат вгради хибриден погон во еден РС модел, па сега октавија за павпат е достапна со плагин хибридна технологија.

 

Како што беше најавено, Шкода на јавноста ѝ ја претстави електифицираната верзија на новата генерација на моделот октавија, а во врвот на гамата е спортската верзија РСиВ со плагин хибриден погонски систем со вкупна излезна моќност од 245 коњски сили.

Во срцето на овој автомобил е 1,4-литарски ТСИ бензински мотор со 150 коњски сили, а му помага електромотор од 85 киловати. Заедно, даваат максимален вртежен момент од 400 њутнметри, кој се пренесува на предните тркала преку автоматскиот шестбрзински ДСГ менувач со двојна спојка.

Достапни се и лимузинска и карван верзија на моделот РСиВ.

Шкода се пофали дека емисијата на јаглерод диоксид се веќе во согласност со новиот, построг стандард на емисиите ЕУ6д, кој во Европската Унија ќе стапи на сила од 1 јануари 2021.

Литиум-јонската батерија има капацитет од 13 киловат часа, па автомобилот може да се вози и само на струја до 60 километри.

Во спортскиот режим на работа, кој на возачот му овозможува да ја користи целата сила на автомобилот, октавија РСиВ забрзува од 0 до 100 км/ч за 7,3 секунди, а максималната брзина на автомобилот е 225 км/ч.

Чешката компанија претстави уште три електрифцирани верзии на својот бестселер.

Октавија иВ е плагин хибрид кој дава 204 коњски сили и исто така има батерија од 13 киловат часа, а достапен е во амбишн и стајл пакетите на опрема.

Освен тоа, тука се и две е-ТЕК верзии кои произведуваат 110 коњски сили и 150 коњски сили. Овие два модели на Шкода за првпат го имаат 48-волтниот „благ“ хибриден систем.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе