Шкода октавија комби: детално претставен наследникот на најпродаваниот европски карван (ФОТО+ВИДЕО)

Шкода објави нови фотографии и видеа од новата октавија, фокусирајќи се на карван-варијантата, која прва ќе почне да се продава.

 

Да, октавија комби прва ќе стигне во европските автомобилски салони бидејќи е традиционално попопуларна од двете каросериски изведби, а минатата генерација беше најпродаваниот карван во Европа. Покрај „роднините“ сеат леон, фолксваген голф и ауди А3, со кои ја дели платформата ем-кју-би ево, четвртата генерација на октавијата е пософистицирана од кога било и нуди повеќе.

Покрај изведбите со пет врати и карван, се нудат и голем број мотори, вклучувајќи и плагин хибрид за првпат кај октавијата, додека втората верзија е во октавија РС.

Под хаубата има многу да се избира, бидејќи новата генерација нуди бензински, дизел, мотори со компримиран природен гас, бензински со благ хибрид, бензински со плагин-хибрид, а моќта се движи од 110 до 204 коњски сили.

Карванската верзија треба да почне да се продава оваа пролет, а лимузинската (лифбек) верзија ќе следи неколку недели подоцна.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе