Шкода октавија е олицетворение на приказната за успехот на чешката компанија

Бестселерот на Фолксваген групацијата минатата година во Европа беше голфот. Меѓутоа, другиот, поскромен играч во истиот сегмент, шкода октавија, беше исто така исклучително популарна меѓу европските купувачи.

 

Октавијата го освои првото место во четири европски држави во 2018 – Чешка, Естонија, Полска и Швајцарија, според податоците на Џато дајнамикс. Во исто време, голф го освои врвот во пет земји, а рено клио во три.

Популарниот компактен седан на Шкода, кој се продава со преден и погон на сите четири тркала, и со бензински и дизел мотори, како и на природен гас, го освои второто место во Финска, Словачка, и Унгарија. А е во првите 10 најпродавани модели во осум други држави, вклучувајќи ја и Германија.

Вкупната побарувачка во Европа на октавијата падна за 3,6 отсто. Сепак, таа остана бестселерот на чешката компанија и проаѓа исклучително добро, имајќи предвид дека третата генерација почна да се произведува во 2012, доби освежување пред две години а следната генерација не е многу далеку. Всушност, се продава толку добро што Шкода произведе повеќе оод 2,5 милиони примероци од „тројката“, главно во Млада Болеслав во Чешка. Октавијата се склопува и во Русија, Казахстан, Индија, Кина и Алжир.

Аналитичарите веруваат дека октавијата е сѐ уште успешна благодарение на цената и практичноста. Чини исто или помалку од ривалите во компактната класа, но е најголема во сегментот, нудејќи багажен простор кој се споредува со поголеми возила.

Шкода ја претстави првата октавија во јануари 1959 година. Името значи „осма“ на латински и го означува осмиот модел на марката претставен по Втората светска војна, а и осмиот со независна суспензија претставена од компанијата во 1933 година. речиси две години по претставувањето на првата октавија со две врати, ѝ се придружи моделот комби, карван со задна врата составена од два хоризонталну дела. Купето се произведуваше сѐ до април 1964 година, кога се појави моделот 1000/1100МБ со мотор поставен одзади. Комби се произведуваше сѐ до крајот на 1971.

Што се однесува до модерната октавија, почна да се произведува во 1996 и се продаваше заедно со следната, втора генерација, сѐ до 2010 година.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе