Поспортски изглед за поприфатлива цена

Шкода октавија доби спортлајн верзија со поспортски изглед, но не и екстра сила (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкода ја претстави спортлајн верзијата на октавија, со визуелни надградби на надворешноста и во внатрешноста, и може да се добие со различни погони на бензин, дизел, како благ хибрид, плагин хибриф и со природен гас.

 

Достапна и како седан (лифтбек) и како карван, таа им се приклучи на другите спортлајн модели во понудата на Фолксваген групацијата и сега има сјајна црна предна маска, странични спојлери и дифузер. Задните ознаки „шкода“ и „октавија“ се потемнети, исто како и стандарните 17-инчни тркала, или опциските 18 и 19-инчни. Ознаката „спортлајн“ на предниот дел го комплетира изгледот.

Поставувајќи се меѓу пакетите на опременост „стајл“ и РС, кој е врвот на понудата, новата октавија спортлајн се нуди со 1,5-литарскиот ТСИ бензински мотор со 150 коњски сили, и 2,0-литарскиот ТСИ бензинец со 190 коњски сили, автоматски ДСГ менувач и погон на сите тркала. 2,0-литарскиот дизел доаѓа во три верзии – со 115, 150 и 200 коњски сили, а само најмоќниот е со погон на сите четири тркала. Достапен е и плагин хибрид со 204 коњски сили, како и мотор на природен гас ЦНГ со 130 коњски сили.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе