Претставувањето е закажано за 4 мај

Шкода објави официјални скици од новата фабија (ФОТО)

Шкода потврди дека премиерата на новата фабија ќе се одржи на 4 мај и објави нови скици како најава за својот градски автомобил.

 

Како што е вообичаено, дизајнерските скици го преувеличуваат дизајнот на вистинскиот автомобил, но освен огромните тркала, би требало да биде повеќе или помалку иста. Претходните фотографии од камуфлирани протитипи откриваа еволуциски дизајн, со помали отвори за тркалата, поголеми прозорци и повисок покрив, стандардни рачки за вратите, но Шкода тврди дека страните имаат нови линии инспирирани од триаголникот на чешкото знаме.

Фабија ќе добие ново лице, во согласност со „семејните“ црти, со интегрирани дневни светла, поголема решетка и покрив кој завршува со спојлер. Обликот на петтата врата нема да биде многу изменет, но светлата ќе бидат нови.

Под хаубата ќе има цела низа верзии на 1,0-литарскиот трицилиндерски бензинец со моќност од 65 и 80 коњски сили (атмосферец) и од 95 и 110 коњски сили (турбобензинец). Најмоќната верзија ќе го има 1,5-литарскиот ТСИ со 150 коњски сили.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе