Премиерата закажана за 11 ноември

Шкода ни даде да ја ѕирнеме новата октавија (ВИДЕО)

Неколку дена нѐ делат од претставувањето на новата генерација на октавијата на Шкода, а за да го одбележи одбројувањето, чешката компанија објави кратко видео.

Иако видеото не открива баш многу, оние кои ги имаат видено досегашните тизери и шпионски фотографии би требало да препознаат одредени детали.

Како што најави Шкода, новата октавија ќе има целосно ЛЕД матрикс предни светла со „две јасно дефинирани светлосни линии во форма на „L“, кои ќе ги одвојуваат светлосните модули“. И на задниот дел има ЛЕД технологија со анимирана функција.

Треба да се истакне дека видеото не ја потврдува наводно протечената слика од конфигураторот, која беше објавена на Шкода хоум форумот. Светлата на тој автомобил беа значително потенки и подолги од овие во видеото, а ни надворешните ретровизори не се исти.

Кога ќе се земе сѐ предвид, се добива чувство за силно влијание од Ауди, во однос на дизајнот.

Светската премиера на сосема новата шкода октавија ќе се одржи на 11 ноември во Прага.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе