Предниот дел е карактеристичен за марката, со хоризонтално поделени предни светла. Горните служат како светла за дневно возење, а меѓу нив се наоѓа маската типична за сите кросовери на Шкода.
Профилот има „спортски“ изглед со малку поспуштен покрив, додека на задниот дел може да се види натписот „SKODA“ на петтата врата меѓу задните светла во обликот на буквата „С“.
Базиран на платформата ем-кју-би А0 на Фолксваген групата, камик е всушност чешкиот роднина на сеат арона и фолксваген Т-крос. Тој ќе ги дели моторите со овие два кросовери, и, исто како нив, најверојатно ќе има само погон на предните тркала.
Продажбата на европските пазари ќе почне набрзо по официјалното претставување. Шкода го одбра годинешниот автомобилски саем во Женева, кој почнува на 5 март, за премиерата на камик, а во меѓувреме можеме да очекуваме дополнителни информации за новиот модел.