Шкода камик е храбро дизајниран градски кросовер (ФОТО+ВИДЕО)

Не беше тајна дека Шкода работи на сосема нов субкомпактен кросовер како џук на Нисан, каптур на Рено и кона на Хјудаи. Чешката компанија веќе објави неколку тизери и потврди дека името ќе биде камик, а сега и го покажа новиот модел пред дебито во Женева.

 

Името „камик“ (Kamiq) потекнува од јазикот на Инуитите. Според Шкода, „означува нешто во што се чувствувате удобно во секоја ситуација и има сопствен карактер. Ова совршено му одговара на автомобилот“.

Наоѓајќи се под компактниот карок, камик е долг 4.241 милиметар, широк е 1.793 милиметри и висок 1.531 милиметар, со меѓуоскино растојание од 2.651 милиметар. Има багажник од 400 литри со сите седишта на свое место, додека со преклопување на задната клупа се зголемува на 1.395 литри. Дури и предното совозачко седиште може да се преклопи, овозможувајќи транспорт на предмети долги до 2.447 милиметри.

Однадвор, карок има навистина модерен дизајн. Има поделени предни ЛЕД светла со дневни светла, а одзади има интересна интерпретација на карактеристичните стоп-светла на Шкода во форма на буквата С. широката предна решетка, наборите на хаубата, задниот дифузер и растојанието од подлогата, заедно со големите тркала, го заокружуваат одличниот дизајн.

И покрај робустниот изглед и долната заштита која може да се доплати, чешкиот субкомпактен кросовер доаѓа исклучиво со преден погон. Под хаубата може да го има малиот 1,0-литарски бензинец со 115 коњски сили илипоголемиот 1,5-литарски ТСИ со 150, во комбинација со 6-брзински рачен менувач или седумбрзински ДСГ автоматик. За љубителите на дизелашите опција е само 1,6-литарскиот ТДИ со 115 коњски сили.

Шкода ја најави официјалната премиера на камик за годинешниот автомобилски саем во Женева, кој почнува следната недела.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе