Премиера

Шкода ја претстави новата фабија со малку повеќе простор, технологија и моќ (ФОТО+ВИДЕО)

Шкода ја претстави сосема новата генерација на фабија. Базирана на платформата Ем-кју-би А0 на фолксваген поло, четвртата генерација на градскиот хечбек доби моќ до 150 коњски сили, поголем централен дисплеј, напредна технологија за помош при возењето, за почетна цена од околу 14.000 евра на повеќето европски пазари.

 

„Фабијата е интегрален дел на нашето портфолио повеќе од 20 години и ги содржи суштинските вредности на нашата марка повеќе од кој било друг модел“, кажа Томас Шефер, генералниот директор на Шкода. „Најновата генерација има сè што е потребно за непречено да гради на успехот на претходниците“.

Шкода реши да го рафинира, а не да го револуционизира изгледот на фабијата. Новиот дизајн не е голем исчекор од третата генерација на моделот, иако е 11 сантиметри подолг од претходниот модел.

Димензиите, на пример, се нагодени за автомобилот да изгледа „подинамично и повозрасно“. Маската е направена да биде поисправена и повпечатлива. Со воздушен отпор од само 0,28, фабијата е најеродинамичниот градски автомобил во Европа.

Иако дизајнот прв влегува во око, она што е под надворешноста е најголемата промена кај четвртата генерација на фабијата. Благодарение на новата платформа, сега се нудат повеќе мотори под хаубата.

Повеќето нови фабии ќе имаат само три цилиндри и работна зафатнина од само 1,0 литар. Послабо опремените ќе имаат атмосферски мотори со моќност меѓу 65 и 80 коњски сили со погон на предните тркала преку петбрзински рачен менувач.

Поопремените, пак, ќе имаат турбо верзии на моторот со моќност од 95 до 110 коњски сили, со петбрзински рачен менувач или шестбрзински автоматски ДСГ менувач. Најмоќната верзија ќе го добие 1,5-литарскиот турбобензинец со 150 коњски сили и седумбрзински ДСГ. Дизел нема.

Се очекува подоцна да биде претставена „Монте Карло“ верзија, како и карван. Сè уште нема навестување за спортска РС верзија.

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе