Како замена за третата генерација, која почна да се произведува во 2014, новата фабија ќе биде позиционирана под компактниот модел скала, кој заедно со концептот вижн РС од 2018 се главните влијанија врз дизајнот.
Додека актуелната фабија вози на старата платформа ПКју26, нејзиниот наследник ќе се префрли на Ем-кју-би А0 платформата на која возат фолксваген поло и т-крос, сеат ибица и арона, ауди А1 и шкода камик, меѓу другите.
Префрлањето на новата технологија значи дека ќе станат достапни голем број модерни технологии за помош во возењето. Може да значи и дека ќе биде поголема од актуелниот модел, со повеќе простор на задната клупа и поголем багажник.